Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ОТВОРАЊЕТО НА МЕЃУНАРОДНИОТ КОНГРЕС НА ОТОРИНОЛАРИНГОЛОЗИТЕ
Untitled Document

Градоначалникот Никола Бакрачески зборуваше на отворањето на Четвртиот Македонски конгрес на оториноларинголозите со меѓународно учество, кој се одржува во Охрид.Пред учесниците на конгресот, градоначалникот Бакрачески истакна дека се чувствува пријатно меѓу неговите колеги од медицинската фела и изрази благодарност до нив што го избрале Охрид за место на одржување на овој еминентен научен и експертски форум.

-Охрид, со својата богата историја, културното наследство и природните реткости е вистинското место, покрај напорната работа да издвоите слободно време да уживате во овој вонвременски амбиент. Ние сме осведочени добри домаќини и токму поради тоа сме уверени дека само на тој начин ќе го развиваме конгресниот туризам- рече Бакрачески.

На конгресот, како што рекоа организаторите, учествуваат научници и клиничари од Република Македонија и повеќе други земји, кои ќе овозможат размена на искуства, ќе се остваруваат  нови комуникации и пријателства.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1371  пати
Објавено на: 02.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©