Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО НЕСМАЛЕН ИНТЕНЗИТЕТ ПРОДОЛЖУВА РАСЧИСТУВАЊЕТО НА ОХРИД
Untitled Document

Екипи на сите јавни претпријатија активно учествуваат во расчистување на улиците и тротоарите низ Општина Охрид.

Екипи на ЈП Нискоградба и ЈП Водовод во текот на денешниот ден засилено и со несмален интензитет работат на расчистување на улиците, “Димитар Влахов“,“Мите Богоевски“ и дел од улицата “Даме Груев“.

При работата освен физичката сила се користи и полесна механизација.
Освен улиците се чистат и тротоарите и пристапните патеки што водат до куќите  и станбените згради  на овие улици.

Екипи на ЈП Градски Гробишта и ЈП Градски Пазар  активно работата на расчистување на потегот кај  населбата Бараки.

Се чисти и  улица “Марко Нестороски“ и нејзините придружни помали улички на овој потег. И овие технички екипи користат полесна механизација и работа со несмален интензитет.
Во тек е широка акција за расчистување на улиците и тротоарите низ периферните делови на Општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1316  пати
Објавено на: 30.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©