Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ЈА ДОДЕЛИ СВЕТСКАТА НАГРАДА ЗА ХУМАНИЗАМ
Untitled Document

Во рамки на празнувањата посветени на најголемиот и најмасовен христијански празник, Богојавление – Водици вечерва градоначалникот Никола Бакрачески во куќата на Уранија по традиција ја додели Светската награда за хуманизам 2014 на годинешниот добитник академскиот сликар Светлин Русев од Бугарија.    

- Во  предвечерјето  пред водици , ми причинува особена чест и задоволство што сум избран да ја доделам оваа престижна награда на академикот  Светлин Русев . Без сомнение од она што го знам можам да речам дека се работи за уметник- сликар од светски ранг. Јас сум среќен што Охрид претставува седиште на Охридската Академија за Хуманизам што претставува еден вид продолжување на традицијата на Светите Кирил и Методиј како  основоположници  на сесловенската писменост и култура  и секако на Светите Климент и Наум како основоположници на првиот сесловенски универзитет и првата школа за хуманизам на овие простори, истакна градоначалникот Бакрачески.

 Свечениот чин на доделување на наградата го проследи бројна публика меѓу која беа и,  Заменик Министерот за култура на Република Бугарија, Васко Василев ,Градоначалникот на Велико Трново Даниел Панов , Претседателот на тамошниот совет Пламен Радонов , Господинот Жан Нотари од Кан – Нормандија, директорот на Бугарскиот Културен Центар , Димитар Христов , Генералниот  конзул   на Бугарија во Битола, Генералниот секретар на Науките и Уметностите од  Македонија, Владо Матески и останати личности од јавниот и општествениот живот од земјава и странство.   

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1248  пати
Објавено на: 18.01.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©