Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА „СКОПЈЕ ТРАВЕЛ МАРКЕТ“
Untitled Document

Меѓународниот туристички саем „Скопје травел маркет“ чиј домаќин е градот Охрид, започнува утре во Скопје. Во просториите на Скопски саем, Охрид, во соработка со кластерот ЕДЕН, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и Стопанската комора за туризам, пред посетителите ќе промовира пакет аранжмани за рурална и староградска традиција кои се дел од проектот „Истражија скриената традиција на Лихнид и белото езеро“. Свое обраќање пред учесниците и гостите на саемот ќе има и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Во рамки на саемот, во петок, ќе се одржи регионална конференција за туризам и интернационална работилница за локален економски развој     базиран на класетери, на која ќе учествуваат повеќе говорници од земјава и странство. 

За заинтересираните туристички работници кои сакаат да присуствуваат на конференцијата за туризам, обезбеден е бесплатен превоз. Поаѓањето е во петок (08.05.2015) во 7 часот, од Булеварот „Туристичка“ пред „Скалестата“ зграда.
 
*Концепт на регионалната конференција за туризам и интернационална работилница за локален економски развој базиран на кластери. (повеќе тука...)

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1283  пати
Објавено на: 06.05.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©