Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОХРИД НА РАБОТНА СРЕДБА ВО ДУБРОВНИК
Untitled Document

 Делегација на Општина Охрид, предводена од Градоначалникот Никола Бакрачески оствари службена посета на Дубровник. Посетата беше остварена во соработка со Лајонс Клубовите од Охрид и Дубровник.

На работната средба која се одржа во кабинетот на Градоначалникот на Дубровник, покрај делегацијата од Охрид, беа присутни Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ, Претседателот на Советот на Дубровник Нико Булиќ, Директорот на Туристичката Заедница на Дубровник, како и други претставници на локалните институции. Централна тема на состанокот беше иницијативата на Општина Охрид за збратимување на овие два града, која двата градоначалници ја оценија како добра основа за започнување на потесна соработка во многу полиња, пред се на полето на туризмот. Исто така, на раговорите беа разгледувани можностите за изградба на Јадранско-Јонската магистрала, кој би ги поврзала овие два туристички центри заштитени од УНЕСКО, како и можноста за воспоставување на директна авио линија Охрид – Дубровник, со што би се реализирал проектот на Градоначалникот Бакрачески за регионално поврзување со околните туристички центри.

Развојот на туризмот и позитивните практики во туризмот, меѓусебната поддршка во реализацијата на меѓународни проекти и унапредувањето на економските односи, имаа главно место во разговорите. Од друга страна, на културно поле, се остварија и првични контактни за соработка на двата фестивали Охридско Лето и Дубровачке Лјетне Игре, при што беа договорени идни меѓусебни размени на учесници на фестивалите. Во сферата на образованието се отвора можност за збратимување на два средношколски центри од Дубровник и Охрид, со што би се овозможила потесна соработка меѓу училиштата и размена на искуства и идеи.

Средбата беше оценета како корисна за двата града, а претставниците на двете локални самоуправи изразија подготвеност за потесна соработка и комуникација, и реализација на целта – збратимување на Охрид и Дубровник.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 02.12.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©