Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНА ОХРИД СО БРОЈНИ СВЕЧЕНОСТИ ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ
Untitled Document

По повод 24-ти Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, Локалната самоуправа со бројни свечености ќе го одбележи овој голем ден.

Со почеток во 11.30 часот Тоде Илиески од Друштвото на писатели, со поздравна реч ќе се обрати пред присутните. Потоа во 11.45 часот делегациите ќе положат свежо цвеќе пред споменикот на Светите Кирил и Методиј. Во 12.00 часот на наградените ученици од охридските училишта на меѓународни и државни натпревари, општина Охрид ќе им додели пригодни подароци за постигнатиот успех, а во 12.30 часот следува пригодна културно уметничка програма. Местото на одржување е Споменикот на Св. Кирил и Методиј во Градскиот парк.
Пред почетокот свеченостите за Св. Кирил и Методиј, во 10.30 часот, КУД „Гердан“, во просториите на старото училиште Св. Кирил и Методиј во Кошишта, организира црковно чествување и пригодна културно – уметничка програма, за жителите од Кошишта, членови на друштвото и нивните родители.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1430  пати
Објавено на: 23.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©