Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски присуствуваше на инфо сесијата
на тема „Потреба од промена на развојната програма во делот на
класификацијата и стандардизацијата во туризмот и угостителството“ што
денес се одржува во Охрид .
Градоначалникот Стојаноски на почетокот од сесијата на учесниците им посака
добра и успешна работа кој ќе донесе плодни резултати и заклучоци за
унапредување на бизнис климата во градов и државава.
![](Pictures/rabotilnica_standardizacija_2018_400.jpg)
Настанот се однесува на сите микро, мали и средни претпријатија
кои се соочуваат со потешкотии во имплементирање на законот за туризам и
угостителство , како и информирање на претпријатијата за полесно
спроведување на законските регулативи преку јакнење на јавно- приватниот
дијалог. На седбата се дискутираше на теми поврзани со согледување на
постоечката состојба,предлагање на најсоодветни решенија за идниот
развој на туризмот и угостителството, иницирање конкретни мерки за
финализирање на предложените законски промени како и дополнување на
определени законски акти кои што детално би го регулирале спроведувањето на
законската регулатива. Со тоа би се постигнал зголемен и долгорочен развој
на туризмот и угостителството. Беа отворени и други теми за подобра бизнис
регулатива со цел да се олесни работењето на фирмите и истовремено да се
допринесе кон подобрување на предложената законска регулатива.
![](Pictures/rabotilnica_standardizacija_2018_4001.jpg)
Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“ го спроведува
ЕПИ Цантар Интернационал во соработка со Стопанската комора на Македонија,
Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии, Стопанската
комора на северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на
Македонија.
|