Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИЃАНКИ ПРВЕНЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА ВО „ЈАХЈА КЕМАЛ“
Untitled Document

Во домот на култура во Струга, средното училиште „Јахја Кемал“, вечерва го одбележа доделувањето на дипломите. На пригодната свеченост збогатена со мултикултурна уметничка програма, свое обраќање имаше директорот на училиштето, господинот Исмаил Ердил, кој на матурантите им поска успех и во понатамошното школување.


Во рамки на манифестацијата беа доделени и признанија за ученици кои постигнале успех на некои од општинските, регионалните, државните и меѓународните натпреварувања. Исто така беа прогласени и првенците на генерацијата, а тоа се Софија Димоска и Сања Симоновиќ и двете од Охрид. Софија и Сања, во своите на моменти емотивни обраќања, се потсетија на првите денови во училиштето, на првите пријателства, но и на згодите и незгодите со професорите. Тие ја потенцираа важноста од стекнувањето на знаење и испратија порака до целата генерација за чекорење кон уште поголеми животни успеси.
Честа да им ги додели признанијата на најдобрите во генерацијата му припадна на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.


Градоначалникот Бакрачески во своето обраќање на матурантите им порача „Енергијата и силата која ја носите во себе е силата која може да руши или да создавате мостови. Во овој миг Ви посакувам да бидете мудри, да го искористите сето свое знаење кое го стекнавте во вашите училишни клупи и од вашите родители и да го направите вистинскиот избор. Но едно нешто ќе ве направи непогрешливи во вашиот избор, а тоа е Вашето срце. Тоа секогаш го знае вистинскиот одговор. Затоа на Вас е само да го следите. Од ВАС се очекува да бидете и понатака, примерни, дисциплинирани и совесни луѓе, луѓе кои ќе бидат предводници и лидери- никогаш не го заборавајте тоа, водете се од идејата да бидете подобри од она што сте биле вчера. Не дозволувајте да го работите само тоа што Ви е дадено, секогаш внесете свој печат во вашата работа, бидете препознатливи и свои. Никогаш не дозволувајте да бучавата на другите мислења го пригуши вашиот глас.“


 
-          На крајот од денот повторно само едно е важно, а тоа е повторувам колку сме изградиле, а не колку сме срушиле. ЗАТОА ве замолувам--- Градите заедно со ВАШИТЕ родители, со ВАШИТЕ ДРУГАРИ, СО ВАШИТЕ професори, со вашите идни животни сопатници  И останете тоа што од секогаш сте биле Наша ГОРДОСТ, заврши градоначалникот Бакрачески

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1391  пати
Објавено на: 02.06.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©