Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ПРЕКИНАТА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

По четири саати расправа, 39 – седница на Советот на општина Охрид, беше прекината со само една помината точка од дневниот ред. Дебатата со спротивставени гледишта се водеше само околу точката за Предлог одлуката за поништување на постапката по огласот за воспоставување на договор за јавно приватно партнерство за модернизација, проширување и одржување на системот за јавното осветлување на општина Охрид.
Во завршното обраќање пред советниците, градоначалникот Бакрачески истакна:

- И покрај тоа што е спроведена кристално чиста постапка за јавно приватно партнерство, во која се испочитувани сите законски норми и стандарди од постапката за јавно приватно партнерство и имаме комплетна усогласеност  со физибилити студијата, усвоена претходно на советот, во која од понудата се гледа јасен бенефит за општина Охрид, во поглед на осовременувањето, проширувањето и надградбата на системот за јавно осветлување, напоменувам дека мојот став и ставот на службите е дека треба да следи поништување на постапката по огласот и евентуално спроведување на нова постапка. Во неа би побарале или би имале можност низ една поголема конкуреност да обезбедиме подобри услови за општина Охрид во делот на зголемување на процентот кој би го добивала општина Охрид од собраната комунална такса. Тоа е така, бидејќи почетниот процент кој ќе останува за општиина Охрид согласно законските прописи ќе биде 22,22 проценти и од оваа сума па нагоре би се извело едно јавно наддавање онака како што налагаат Законите за јавни набавки и Јавно приватно партнерство. Знаете дека недонесувањето на оваа одлука ќе значи важност на претходната одлука донесена од советот, која би резултирала со склучување на договор. Сега оставам на вашата совест и убедување да донесете одлука за која сметата дека ќе биде исправна,  а јас сум тука за да ги почитувам одлуките на советот.

Со 11 гласа за, еден против и 7 воздржани, советот не ја усвои одлуката. По ваквиот епилог, седницата беше прекината, а нејзиното продолжување дополнително ќе биде закажано.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 29.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©