Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
АСФАЛТИРАНИ ДЕЛОВИ НА ПОВЕЌЕ УЛИЦИ
Untitled Document

Во рамките на реализирањето на програмата за комунален развој , денеска градоначалникот Никола Бакрачески со соработниците , во употреба ги пушти новоасфалтираните делови од улиците „ Карпош Војвода “ и „ АСНОМ “ .

 Денеска присуствуваме на завршувањето на уште еден од нашите инфраструктурни зафати , што ги планиравме да ги реализираме пред почетокот на туристичката сезона. Го пуштаме во употреба новоасфалтираниот дел од улицата „ АСНОМ“ со површина од 1 800 м2 – рече градоначалникот Бакрачески .

Во изминативе три месеци од доаѓањето на новото локално раководство на Општина Охрид, беше извршено стружење и асфалтирање на дел од улицата „Радојца Новичиќ“ на површина од 9 873 м2 , стружење, подготовка за нов водовод и атмосферска канализација и подготовка за асфалтирање на улицата „ Крум Точков“ на површина од 1594 м2, стружење и асфалтирање на дел од улицата „ Јане Сандански “ со површина од 1950 м2 и стружење и асфалтирање на дел од улицата „ Сирма Војвода “ на површина од 4 517 м2.

Деновиве привршуваат активностите на стружење, копање, тампонирање ( со 200 м3 градежен материјал ) и подготовка за асфалтирање на дел од улицата „ Петрино“ на површина од 1 526 м2 и стружење, крпење на дупки и прекопи и подготовка за асфалтирање на дел од улицата „ Богомилска“ на површина од 1 753 м2.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1233  пати
Објавено на: 08.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©