Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕТСКИ ИГРАЛИШТА СЕ ГРАДАТ ВО ОХРИД
Untitled Document

По налог на градоначалникот Никола Бакрачески започна проектот за изградба на детски игралишта на територијата на општина  Охрид.
Во тек е градба на детско игралиште во ОУ „Св. Климент Охридски“. Просторот за таа намена  е со површина од 140 метри квадратни и веќе е бетониран, а монтирани се дел и од детските реквизити.

Во наредна фаза од изградбата ќе се поставува гумената подлога.
Вредноста на проектот е 517.819 денари и се реализира со средства од буџетот на општина Охрид.

Наредниов период  Локалната власт детски игралишта ќе  гради  во  населбите :Воска, Даљан, Рача, Стобекс, кај градскиот парк на кеј „Македонија“, во близина на пешачката патека што води кон хотел „Парк“, а ќе се реконструира и до уреди  постоечкото игралиште на улица „Крали Марко“.

Со цел младите да се вратат на спортските терени и  да се насочат кон физичка  активност со што ќе градат здрави животни навики изминатиов период општина Охрид го реконструира детското игралиште кај каналот „Студенчишта“, а се изградија и повеќенаменски игралишта во населбите Лескајца и Подмоље. Повеќенаменско игралиште доби и  село „Трпејца“, а во тек на  градба е и игралиштето  во село Лескоец.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1384  пати
Објавено на: 20.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©