Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ ПО ПОВОД КУРБАН- БАЈРАМ
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески по повод верскиот празник Курбан-Бајрам упати честитка до сите охриѓани и граѓани на Република Македонија од исламска вероисповед.

- Дозволете ми во овие празнични мигови,  да Ви го честитам големиот празник Курбан Бај­рам, со желби да Ви донесе многу радост, благосостојба и мир во ва­ши­­те домови ,љубов и грижа за најблиските. Прославувањето на  празникот нека донесе хар­мо­нија во човечките односи, и нека нé потсети на големото значење  на меѓусебната доверба, разбирање,дијалог и толеран­ција ка­ко суштински услови за мир и соживот, среќа и општа благо­сос­тојба во нашето општеството. Простувањето и милосрдието како суштински симболи на човечноста се најизразени во  пораката која ја носи токму овој празник, а тоа е  подавање рака и споделување  со ближните и сиромашните.
Празничните денови нека поминат во радосно и семејно опкружување. Со добра мисла, мирољубивост   и толеранција заеднички да    градиме општи добра за нашата татковина се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески по повод големиот верски празник Курбан- Бајрам.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1372  пати
Објавено на: 11.09.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©