Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП НИСКОГРАДБА СО АКТИВНОСТИ НА ПОВЕЌЕ ЛОКАЦИИ ВО ОХРИД
Untitled Document

ЈП Нискоградба по налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при Општина Охрид деновиве активно работи на повеќе локации низ градот.


Една од оперативните екипи на ЈП Нискоградба денес работи на санирање на металните столпчиња на улицата “7-ми Ноември“ . Со цел поголема безбедност на пешаците  и правилно сообраќање на возилата на оваа улица  ќе бидат поставени  и бетонски топки.
Во текот на вчерашниот ден,ЈП Нискоградба заврши со поставување на бехатон плочките  на дел од тротоарот  на пресекот на улиците ''Мите Богоески'' и ''Даме Груев'',со што се заокружи проектот за реконструкција на оваа улица.


Деновиве се очекува да биде поставена и нова заштитна ограда на кружниот тек кај ЈП “Билјанини извори“.Како што е веќе познато,оградата на кружниот тек беше уништена по што  екипи на ЈП Нискоградба ја отстранија и веќе во следните денови се очекува да биде поставена нова заштитна ограда на овој потег  со цел да се  зголеми безбедноста на сите учесници  во сообраќајот.

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1327  пати
Објавено на: 05.11.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©