Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КЕ СЕ ПОДИГА ЗЕЛЕН ОТПАД ВО НАСЕЛБАТА “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ (БАРАКИ)
Untitled Document

Ј.П."Охридски Комуналец"-Охрид ги известува граѓаните на Општина
Охрид дека на ден 26.04.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување
отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива ограда и
др.)  од УЗ.„Гоце Делчев„  (Бараки).

Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница
доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и
претходно да го пријават во Р.Е."Механизација" на тел.046/265-353 со наведување
на локацијата, за да можат службите од Ј.П."Охридски Комуналец"  благовремено
да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на
местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Оваа акција е последна акција со која ќе се подигнува зелен отпад во
пролетниов период, а следните акции за зелен отпад, согласно годишниот
календар, се испланирани во есенскиот период. Во саботите од месеците мај и
јуни / 2014  год.  ќе се подигнува кабаст отпад, а со овие акции ќе бидат
опфатени сите реони на територијата на општина Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1240  пати
Објавено на: 25.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©