Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОТ СОЛУН ТУРИСТИЧКИ ПАРТНЕР ЗА ПОДОБАР РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ
Untitled Document

Во рамки на посетата на градоначалникот на Солун, Р. Грција Јанис Бутарис кој на покана на Претседателот Иванов присуствуваше на свеченото отворање на  на Школата за млади лидери која по 7 пат се одржува во Охрид, оствари неформален состанок со претставници од локалната самоуправа на кој покрај градоначалникот Бутарис, присуствуваше и заменик градоначалникот, Спирос Пенгас.


На средбата заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев и раководителот на Секторот ТЛЕР при општина Охрид, Ѓоко Апостолов ја потенцираа заложбата на локалната самоуправа за поинтензивен развој на туризмот, кој претставува еден од најзначајните општествено-економски процеси во Охрид.  Благодарение на природното и културно богатство што се наоѓа на овој простор, постои широк интерес за неговата туристичка промоција и токму вакви конкретни активности произлегоа од разговорите меѓу двете страни.

Имајќи во предвид дека во месец Септември, Секторот за туризам и ЛЕР ја организира „Промо турата“ која има за цел да ги запознае туристичките работници со културните и природни убавини  и туристичките потенцијали кои ги нуди градот, договорено е грчки тур оператори да бидат гости и да учествуваат на Промотивната тура Охрид 2016, каде поблиску ќе се запознаат со алтернативните форми на туризам кои ги нуди градот.
Во насока на подобар туристички развој, креирањето на новата стратегија во промотивните и маркетиншки активности за градот Охрид , односно промоцијата на Охрид  во одделни градови ширум светот беше дел од неофицијалните разговори, а за скоро време  Охрид ќе има своја туристичка промоција во Солун.

 Заедничката соработка во сферата на туризмот помеѓу двата града во голема мера ќе придонесе за полесно дефинирање на приоритетите, односно подобрување на туристичката понуда, јакнење на квалитетот на понудата и имплементација на програми на туристичката конкурентост  со цел да се елиминираат негативните аспекти и слабости кои влијаат на ефикасноста на туристичкиот пазар.

Како дел од заедничката регионална промоција и меѓусебна соработка директната авио линија помеѓу Охрид и Солун би придонела за економски бенефит на двете страни, а воедно би се олеснил пристапот на граѓаните за поинтензивни контакти не само во туризмот туку и останатите бизнис сфери.

 Утврдувањето на приоритетите и воведувањето на предлог мерките ќе допринесат за правилно насочување на ресрсурсите со што истите најефикасно би се употребиле, а токму ваквото планирање и остварување на зададените цели претставува основа врз која локалната самоуправа ја превзема одговорноста за својот општествен-економски развој во иднина. 


Денеска на покана на градоначалникот Никола Бакрачески, делегацијата на Солун предводена од градоначалникот Јанис Бутарис ќе се запознае со природните и културни знаментости на Охрид како и со туристичките потенцијали кои ги нуди градот./p>

 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1363  пати
Објавено на: 25.08.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©