Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ГРАДОТ ЧЕЗЗ, СЕНЕГАЛ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески деновиве е домаќин на гости од далечниот Сенегал кои престојуваат во Охрид на негова покана. 

Делегацијата од градот Чезз ја предводи градоначалникот Идриса Шек - со кого Бакрачески стапил во контакт при престојот во Каен на одбележувањето на 70 години од Денот Д.

Гостите од Сенегал денес се во посета на манастирскиот комплекс Свети Наум, а синоќа имаа работна вечера со градоначалникот Бакрачески и со претседателката на Советот на Општина Охрид Гордана Коњаноска.

На вечерата беа присутни и гости од Србија, поточно Помошник градоначалникот на Суботица и советник за мали бизниси Љубен Христов и проект менаџерот во локалниот економски Совет на Суботица - Мелинда Наџ.
 Бакрачески на гостите од Сенегал и Србија им подари пригодни подароци за спомен од нивниот престој во Охрид.
 Гостите од Сенегал и Србија по покана на градоначалникот вечерва ќе присуствуваат и на отворањето на Охридско лето.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1304  пати
Објавено на: 12.07.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©