Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕКОНСТРУИРАН ПАТОТ ЕЛЕШЕЦ-ЕЛШАНИ И ИЗГРАДЕН НОВ ВОДОВОДЕН СИСТЕМ ВО ЕЛШАНИ
Untitled Document

Претседателот на Владата на Р. Македонија, Никола Груевски и градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска свечено го ставија  во употреба реконструираниот пат Елешец – Елшани во должина од 2 258 метри и новиот водоводен  систем со нов резервоар  за вода во село Елшани  со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри .

Со ваквите инфраструктурни зафати  Владата на Р. Македонија  и општина Охрид  битно допринесуваат  во градење  подобар  живот во  Елшани  и  создавање  сериозни услови за развој на руралниот туризам. 

Премиерот Никола Груевски, пред бројните граѓани во Елшани, подвлекувајќи дека владина   стратегија  е да се направи  што повеќе и што подобро за сите региони во државава  најави нови инфрастуктурни инвестиции во  Охрид.


-Нашите инвестиции во патната инфраструктура во Охрид и околината ќе продолжат и во наредниот период. Веќе течат активностите за изградба на автопатот Охрид – Кичево. Овој проект е од исклучително значење за регионот, за туризмот, за градежните компании, за нови вработувања и во секоја друга смисла. Многу значајна инвестиција за овој регион е и изградбата на експресниот пат Охрид- Пештани за кој се прави еколошка студија, по што ако се биде во ред до крајот на годината очекуваме да започнеме и со изградба на оваа значајна делница. Во делот на изградба на водоводни и канализациони системи, покрај реализацијата на овој проект, во Охрид исчистени  се каналите Билјанини извори и Св. Наум, во тек е изградба на  фекална канализација за местото Лескоец,  а се планира изградба на водоводна и  фекална канализација за населено место Подмоље. Се изградија пумпни станици во Пештани и Елешец за системот за заштита на Охридско Езеро од отпадни и загадени води и отпочна постапката за изградба на регионален колектор за одведување на отпадни води во Мешеишта, истакна Премиерот Груевски кој се осврна и на другите сегменти од општествениот живот во кои активно се инвестирало.

-Во делот на здравството, извршивме  комплетна реконструкција и адаптација во Општата болница Охрид, извршена е и набавка на современи медицински апарати, наскоро очекуваме да започне целосна реконструкција, адаптација и доградба на болницата “Св.Еразмо“, во која ќе бидат изградени новите простории за Заводот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид- најави Премиерот Груевски.

Груевски најави дека ODV Електрик идниот месец планира да почне со градба на фабриката во ТИРЗ Охрид-Струга.

- Фабриката треба да биде готова до април следната година. Таму се предвидени 1.000 директни вработувања, истакна премиерот, додавајќи дека ODV Електрик стартуваше со одреден број вработени во браунфилд објект, рече Груевски
Втората германска компанија е Костал која почна изработка на проект за адаптирање постоечки браунфилд објект.

- По адаптирањето на просторот, од октомври планираат да почнат со работа кога ќе почнат и нивните први вработувања. Нова фабрика би почнале некаде во текот на следната година. Во меѓувреме ќе работат во постоечка хала која ќе ја адаптираат за своите потреби, нагласи претседателот на Владата Никола Груевски.

Пред бројните граѓани , градоначалникот Никола Бакрачески во своето обраќање се осврна на крупните проекти кои се во тек и кои во наредниов период ќе  се реализираат во Охрид а   кои битно ќе го подобрат животот на охриѓани.

-Периодов, Охрид е големо градилиште. По долги години на стагнација и не реализирање на ниту еден проект,  иако наследивме општина со астрономски долгови и катастрофална финансиска состојба,   започнавме  да го градиме  Охрид.  Сведоци сме на   инвестициски бум.  Како никогаш  до сега се гради и инвестира.  Со поддршка од Владата на Р. Македонија  а помогнати од Светска Банка  покрај реконструкцијата на патот Елешец- Елшани,  започнавме и во  поодмината фаза на  реализација се  и други   крупни инфраструктурни проекти.    Во тек е реконструкцијата   на  улица „Питу Гули“во  должина од  769 метри со тротоарите  од двете страни. Вредноста за реконструкција на улицата „Питу Гули“ со тротоарите е 15 631 750 денари. Нова  атмосферска канализација  се поставува на  трите улици: „ Сатеска“, „Трајче Трајчески“ и „Мича  Гилиќ“ во  должина од  1 025 метри во населба Воска.   Улиците и тротоарите  по завршување на овој зафат  ќе бидат целосно реконструирани. Вредноста на проектот за атмосферската канализација во Воска е 8 257 179 денари, а реконструкцијата на улиците и тротоарите во Воска  чини 5 183 772 денари. Во завршна фаза е  изградбата  на кружен тек со две коловозни ленти   на   пресекот на  Булевар „Туристичка“ со улица „Бистрица“.Вредноста на овој проект е 5 199 428 денари. Во текот на нареднава недела ќе започне  изградбата на атмосферската канализација на улица „Ристо Чадо“ по што ќе следува нејзина комплетна реконструкција со изградба на тротоари . Со поддршка на Владата на Р. Македонија и  Светска Банка  во наредниов период ќе ја реконструираме   и  улицата „ Илија Смически“ во село Лескоец а ќе го изградиме и  кружниот  тек на пресекот на  булевар „Туристичка“ со улица „Македонски Просветители.“Градиме и на други локации во Охрид.Во завршна фаза е изградбата на  најубавата и најатрактивна пешачка, велосипедска и патека за ролери од каналот “Студенчишта“ кон  некогашниот хотел Парк која сигнификантно ќе го промени изгледот на тој дел од градот.    Во  Пештани при крај се   активностите од втората фаза  која се однесува на   изградба, уредување, хортикултурно осмислување и најмодерно осветлување на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Како што знаете,минатата година во Пештани  беше завршена првата фаза од проектот која се однесуваше на уредување на кејот од рибниот ресторан до поранешната полициска станица.Нови перспективи во развојот на туризмот во Охрид воведуваат директните авио лонии ,  едната  Лондон- Охрид- Лондон  која  е субвенционирана од општина Охрид и која  стартуваше на  10 јуни годинава  и ќе се  реализираат двапати неделно ,  како и авио Линијата Охрид Базел и обратно која стартува од 1 јули годинава.Заедно  со Владата на Р. Македонија работевме на подобрување на условите во  образованиот процес. Ги реконструиравме Основните училишта „Кочо Рацин,  „Живко Чинго“ во Велгошти,  „Братство Единство“. Го отворивме подрачното училиште „Ванчо  Николески“ во с. Ливоишта.  Отворивме градинки во посебни просторни услови во Велгошти, Лескоец и населба Радојца Новичиќ. Охрид веќе има 18  спортски игралишта  а насочени сме кон изградба на останатите од вкупно   30  игралишта за маалски баскет кои треба да ги добие Охрид. На мое лично задоволство  и покрај наследените,  катастрофална финансиска состојба и правни лавиринти, успеавме да ги започнеме  капиталните инвестиции кои беа предвидени во изборната програма. Ветувањата  се исполнуваат. Започна процесот на реализација на проектите: Затворен зелен пазар, современа автобуска станица, дом за стари лица, затворен пливачки базен. Овие објекти се насушна потреба на Охрид и истите за 2 односно 4 години ќе бидат подигнати и ставени во функција. Продолжуваме одговорно и посветено да го градиме Охрид- рече градоначалникот Бакрачески 

Претседателот на Владата на Р. Македонија Никола Груевски денес беше во работна посета и во струшкиот регион.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1401  пати
Објавено на: 14.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©