Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
НА КРАЈОТ ОД МЕСЕЦОВ ИСТЕКУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ БАРАЊА ЗА СУБВЕНЦИИ
Untitled Document

Канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на
земјоделието, ги известуваат сите земјоделци дека рокот за поднесување
барања за субвенции истекува на 31 Мај 2014 година.
Воедно се апелира до заинтересираните земјоделци кои се уште не поднеле
барање истите да се обрат до Подрачната единица на Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство  како би поднеле барање во
пропишаниот рок.
Барањето се поднесува по електронски пат без доставување на документи, а врз
основа на претходно евидентирани податоци во Единствениот регистар на
земјоделски стопанства и Регистарот за идентификација и регистрација на
домашни животни.
Земјоделците – одгледувачи на говеда, овци, кози и пчели треба задолжително
да ја проверат и по потреба да ја ажурираат состојбата на нивните животни во
ветеринарното друштво со кое склучиле договор. Рокот на поднесување на
барањата мора да се почитува за да се овозможи навремено спроведување на
постапката за обработка на барањата и исплата на средствата согласно
предвидениот распоред во текот на годината кој е усогласен со типот на
земјоделското производство.
Подетални информации заинтересираните  можат да добијат на телефонот
046-262-476 Подрачна единица на Министерство за земјоделство, шумарство и
водостопанство Охрид или на телефонот 046-230-175 на Секторот ТЛЕР
Канцеларија за административни работи и стручна поддршка на развојот на
земјоделието  при Општина Охрид. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1324  пати
Објавено на: 22.05.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©