Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЛОШТАД ,,ЧИНАР"
Untitled Document

Општина Охрид, со адреса на ул: „Димитар Влахов“ бр. 57, тел. за контакт 046/262-493 ел. пошта javni.nabavki@ohrid.gov.mk, има потреба од изработка на идејно архитектонско решение за реконструкција на плоштад „Чинар“ во Охрид.

За таа цел, договорниот орган спроведува конкурс за избор на идејно архитектонско решение, во согласност со член 21 став 3, член 99 став 3 и член 105 од Законот за јавнинабавки („Сл.весник на РМ“ бр. 27/15, 78/15, 192/15, 27/16, 120/16 и 165/17) за што објавува конкурс бр. 01/2018.

Конкурсот е анонимен. Општина Охрид со прво наградениот, согласно член 99 став 3 од Законот за јавни набавки ќе  спроведе постапка со преговарање без претходно објавување на оглас за изработка на комплет основен проект за реконструкција  на плоштад „Чинар“ (со сите потребни фази).

Предвидените  износи на награди преставуваат и откуп на авторските права од авторот за идејното решение.

Вашето идејно решение за горенаведениот предмет на конкурсот да го доставите најдоцна до 09.05.2018 год. во 12.00 часот (по локално време) по пошта на горната адреса или лично со поднесување во архивата на Општина Охрид.

Oваа конкурсна документацијa ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на идејното решение.

Отворањето на пристигнатите идејни решенија нема да биде јавно и ќе се изврши на датум и час определени од страна на формираната комисија од страна на Градоначалникот по истекување на крајниот рок за поднесување на идејните решенија во просториите на договорниот орган.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА:

Прочитано:  1516  пати
Објавено на: 28.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©