Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОХРИД УРБАНИСТИЧКИ ПРЕДИЗВИК ЗА ИДНИТЕ АРХИТЕКТИ
Untitled Document

Денеска во големата општинска  сала, пред студентите од Aрхитектонскиот факултет од Скопје беше презентиран Охрид како урбанистички предизвик.  Идните архитекти ги поздрави градоначалникот Јован Стојаноски  кој  посочи дека идеите на младите интелектуалци  за урбанистичкото уредување на градов се особено важни.

Лилјана Јоноска и Биљана Ангелоска од Секторот за Урбанизам  при локалната самоуправа извршија презентација на  Охрид  како подрачје  со богато културно историско наследство заштитено од УНЕСКО, а беа презентирани и      постоечките урбанистички планови. Беа претставени  и неколку локации и објекти  на кои студентите по архитектура  практично ќе  работат односно ќе изнесуваат   идеи за нивно преуредување.  Илија Пиперкоски од кабинетот на градоначалникот Стојаноски  ја презентираше културната стратегија на локалната власт при што беше подвлечено дека целта е  Охрид да биде кандидат за град на  културата во Европа за што е потребно да пулсира 365 дена во годината, а  не само во лето.

Заеднички беше заклучено дека Охрид има непроценливо културно историско богатство, има потенцијал но нема  соодветни или рационално искористени објекти за нивна добра промоција. Во одредени сегменти Охрид треба да се преуредува но во согласност со препораките на УНЕСКО.

Студентите по архитектура заедно со   професорите  и претставници од Општина Охрид, попладнево разгледуваат неколку локации и објекти по што ќе ги изнесат своите идеи за нивно уредување.

Прочитано:  1597  пати
Објавено на: 05.03.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©