Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВО ЧЕТВРТОК ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ЛАРВИЦИДНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:

Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Охрид дека ден 26.04. 2018год. (четврток) екипа на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат ларвицидна дезинсекција против комарци .
Третирањето ќе биде од земја во период од 05 до 07часот
Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Студеничко блато, месноста Далјан и потегот од Андон Дуков до Подмолје.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заќштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.

Прочитано:  1444  пати
Објавено на: 24.04.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©