Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НА ПРОМОЦИЈА НА „ПРАВОСЛАВНА ЕНЦИКОЛОПЕДИЈА“
Untitled Document

-Ми претставува голема чест да присуствувам во Охрид , градот во кој се наоѓаат изворите на православието затоа што тука твореше Климент кој на целиот православен свет му ја подари можноста да го користи кириличното писмо.  Токму затоа православната енциклопедија ја донесовме  тука во Охрид,  местото на  изворите на   православието – подвлече во своето обраќање специјалниот пратеник на Претседателот на Руската Федерација за меѓународна културна соработка,  г. Михаил Швидкој , по повод  презентацијата на најголемото енциклопедиско издание за православието  „Православна енциклопедија“ што денес се одржа во Охрид .
На свечениот настан покрај Градоначалникот Никола Бакрачески присуствуваа и  Амбасадорот на Русија во Македонија, г. Олег Шчербак, Поглаварот на Македонската Православна црква – Охридска архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, Ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, проф. д-р Велимир Стојковски, заменик Министерот за култура на Република Македонија, г. Драган Недељковиќ.
Пред присутните во  Конгресниот центар беше најавено дека и во Македонија ќе се отвори претставништво на „Православната Енциклопедија“ а  нејзин претседател ќе биде проф. д-р Велимир Стојков.   

По повод презентацијата на оваа значајно капитално дело утре  со почеток во 18 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на хорот  „Подворје на Руската православна црква“ од Софија.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1310  пати
Објавено на: 07.10.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©