Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ВРАЧЕНА ДОНАЦИЈАТА ОД ФОНДАЦИЈАТА МАКЕДОНИЈА 2025 НА ОМУ “МЕТОДИ ПАТЧЕ“ –ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ НАЈАВИ ОТВАРАЊЕ НА ПАРАЛЕЛКА ЗА СРЕДНО МУЗИЧКО ОБРАЗОВАНИЕ
Untitled Document

Со музичко сценски настап на младите музички таленти, и со врачување на благодарници на Фондацијата “Македонија 2025“ и на градоначалникот Никола Бакрачески, денес во основното Музичко Училиште Методи Патчев, јавно беше изразена почит кон  фондацијата “Македонија 20-25“  која  на училиштето му подари 5.300 долари кои ќе бидат наменети за купување нови музички инструменти.

-Во рамки на  глобалниот инвестициски самит што се одржа во месец октомври 2013година учениците од ова училиште  одржаа Класичен хуманитарен концерт кој не воодушеви на сите присутни. Тогаш одлучивме финансиски да дадеме допринос за ова училиште од кое излегуваат успешни кадри.  Се  надевам дека инструментите кои ќе бидат купени со нашата донација ќе им послужат на сегашниве и идни музички  генерации   и понатака да ја претставуваат Македонија во најдобро светло. Ние како фондација сме отворени да препознаеме секакви добри иницијативи кои поттикнуваат културен и уметнички напредок на Македонија, рече Зоран Мартиноски од бордот директори на Фондацијата“ Македонија 2025“.

Градоначалникот Никола Бакрачески заблагодарувајќи се за донацијата и за постигнатите успеси на нашите музички таленти  истакна дека  во иднина поддршката на Локалната Самоуправа до ова основно училиште континуирано ќе се зголемува се со цел овие успеси да продолжат и во иднина.

- Јас  уште еднаш  ќе ја искористам оваа прилика да кажам дека Локалната самоуправа поттикната од успесите коишто ова музичко училиште ги постигнува во континуитет, реши да отвори паралелка за средно музичко образование кое ќе функционира во рамки на  постоечково  училиште. Во овој момент постапката е во тек се чека на согласност од Министерството за образование, по што е планирано во новата училишна година односно во  месец септември да стартува  оваа паралелка, потенцира градоначалникот Бакрачески.    

При врачување на благодарниците  директорката на училиштето Нина Момироска  рече дека парите донираа таму каде се најпотребни кај младите музички таленти односно  за купување на нови музички инструменти кои им се потребни  

-Од името на нашите ученици од мое лично име, и име на сите вработени, едно големо благодарам до фондацијата Македонија 2025 и ветуваме дека и понатака наш приоритет ќе биде откривање на младите музички таленти, развојот на нивниот талент  и поддршка од наша страна, рече Момироска.

На денешната свеченост присутните во ОМУ “Методи Патче“ проследија три настапи на кои учествуваа 6 ученици.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1277  пати
Објавено на: 25.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©