Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП НИСКОГРАДБА СЕКОЈ ДЕН ИНТЕРВЕНИРА НА ТОЧНО СДУМ ЛОКАЦИИ
Untitled Document

ЈП НИКОГРАДБА секое утро во текот на целата година интервенира на седум локации во Охрид, каде одводниот систем користи пумпи со кои се потискаат водите од канализацијата.

 - Секој ден се интервенира на пумпите кај Потпеш и Канео, во Рача и во населбата Радојца Новиќиќ. Овие пумпи мора да се проверуваат секој ден за да не дојде до полнење со вода на шахтите каде се сместени или да не дојде до нивно прегорување, ако низ одводот дојдат предмети или дург комунален отпад кој поединци го фрлаат во одводот. За таа цел се поставени и специјани решетки, на кои се таложи комналниот отпад и нашите екипи редовно го собираат - вели директорот на ЈП НИСКОГРАДБА Сашо Донев.


 
Ваква решетка е поставена и на шахтите кај ново изградениот Мал плоштад. Оваа решетка е своевиден ркордер во собирањето на комунален отпад, пред се на влажни марамчиња кои граѓаните и покрај апелите да не се врчаат во одводот упорно го прават тоа, па решетката на оваа шахта, се прекрива со влажни марамчиња на секои два дена.

ЈП НИСКОГРАДБА ваквите интервенции на опдрачјето на градот ги врши едвај со 15 квалификувани физички работници, бидејќи останатите во фирмата која има над 100 вработени се канцелариски персонал, кој се насобирал со години во претпријатието.

Од претпријатието по кој знае кој пат упатуваат апел до граѓаните да не фрлаат комунален отпад во одводниот систем , со што би се намалиле интервенциите на мрежата , а со тоа и трошоците кои од оваа ставка растат константно.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 13.08.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©