Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МЕЃУНАРОДЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР
Untitled Document

Во организација на ЈП „ Билјанини извори“ , на 19,20 и 21 септември 2013 година,  ќе се одржи Меѓународен кошаркарски турнир „ Охрид трофеј 2013 “ . На турнирот, што се одржува под покровителство на Македонската телевизија, ќе учествуваат екипите КК „ МЗТ“ од Скопје, Република Македонија, КК „ Лукоил- Академик“ од Софија, Република Бугарија и КК „ Металец“ од Ваљево и КК „ Раднички“ од Република Србија.

Со организирањето на овој турнир, на кој ќе учествуваат екипи кои се натпреваруваат во регионалната лига  АБА и во Еуролигата, се промовира една нова тенденција за популаризација на кошарката во Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1256  пати
Објавено на: 12.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©