Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СВИКАНА СЕДУМДЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Врз основа на член 39 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА СЕДУМДЕСЕТ И ПРВАТА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ седумдесет и првата седница на Советот на општина Охрид на ден 19.06.2017 година (понеделник) со почеток во 11,00 часот.
Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.
За седницата го предлагам следниот :

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записник од 70-та седница

  1. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2017 – 2019 за периодот од 01.01. - 31.03.2017 година.
  2. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.01. - 31.03.2017 година.
  3. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година за периодот од 01.01. - 31.03. 2017 година.
  4. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за заштита на животната средина и природата за 2017 година за периодот од 01.01. - 31.03.2017 година.
  5. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување на јавна чистота за периодот од 01.01. - 31.03.2017 година.
  6. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за 2017 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  7. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на програмата за спорт и рекреација за 2017 година за периодот од 01.01. - 31.03.2017 година.
  8. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работата на Секторот за образование, детска, социјална и здравствена заштита за периодот 01.03. – 31.03.2017 година.
  9. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за работењето на Одделението за култура за периодот 01.01. – 31.03.2017 година.
  10. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма други комунални услуги 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  11. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  12. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  13. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  14. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2017 – 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  15. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за јавно осветлување 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  16. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  17. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2017 - 2019 година за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  18. Предлог Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2017 година за периодот 01.01. – 31.03.2017 година.
  19. Предлог Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 31.03.2017 година.
  20. Предлог Одлука за усвојување на годишниот извештај за реализација на програмата за развој на Југозападниот плански регион и тековното работење на Центарот за развој и финансискиот извештај за 2016 година.
  21. Предлог Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.
  22. Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на општина Охрид за 2017 година.
  23. Предлог Одлука за усвојување на измените на програмата за културни манифестации и творештво за 2017 година.
  24. Предлог Одлука за исплата на долгот на ОУ„Григор Прличев“Охрид кон ЕВН Македонија за потрошена електрична енергија.
  25. Предлог Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Охрид за 2017 година.
  26. Предлог Одлука за усвојување на дополнувањата на програмата за активностите на општина Охрид во областа на образованието за 2017 – 2019 година.
  27. Предлог Одлука за усвојување на дополнувањата на програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2017 година.
  28. Предлог Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за 2018 година.
  29. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето на Кп.бр.16287 и Кп.бр.16288 КО Охрид 3.
  30. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.252/4 КО Велестово.
  31. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.874/1 КО Љубаништа.
  32. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1678/1 КО Лескоец.
  33. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.1790 КО Велгошти.
  34. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2591 КО Коњско.
  35. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2752/1 КО Велгошти.
  36. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.2941/1 и Кп.бр.2941/2 КО Коњско.
  37. Предлог Одлука за утврдување потреба од донесување урбанистичко планска документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект на Кп.бр.3221 КО Коњско.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Гордана  Коњановска

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1397  пати
Објавено на: 14.06.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©