Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СЕ УРЕДУВААТ ТРОТОАРИТЕ И ЗЕЛЕНИОТ ПОЈАС НА „БУЛЕВАР ТУРИСТИЧКА„
Untitled Document

Екипите на Јавно зеленило и Јавна хигиена деновиве интензивно работат на  уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка„, како и на обновување на зелениот појас на потегот  од градскиот пазар до сообраќајната клучка при влезот во Охрид. Овие активности се спроведуваат по налог на општина Охрид. Во делот од пешачките патеки од двете страни на „Булеварот Туристичка„, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок, земја и трева со  рачно одстранување на зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на овој потег се реконструира со нивелирање на земјените наноси и засадување на нова тревна обвивка. Активностите се одвиваат етапно, а временскиот период и временските  услови  се идеални  за овие хортикултурни активности за добивање на нов изглед на зелените јавни површини. 

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 23.09.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©