Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАПОЧНУВА УРЕДУВАЊЕТО НА ХОРИЗОНТАЛНАТА СООБРАЌАЈНА СИГНАЛИЗАЦИЈА
Untitled Document

Секторот за комунален развој, сообраќај и улици при Општина Охрид вечерва започнува акција на уредување на хоризонталната сообраќајна сигнализација, односно бојадисување  на осовинските линии и пешачките премини на неколку улици: Булевар “Туристичка“, “Македонски просветители“, “Димитар Влахов“,“ Партизанска“ и “Јане Сандански“. Акцијата се спроведува согласно годишното одржување на патиштата.

  Уредувањето на хоризонталната сигнализација  ќе се реализира во вечерните часови во наредниве  две недели кога е намален интензистетот на сообраќај , и истата ќе биде соодветно означена. По тој повод надлежните од општина Охрид апелираат до охриѓани  во вечерните часови да се воздржуваат од паркирање на своите автомобили на горенаведените улици   со цел истата да се реализира  непречено.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1311  пати
Објавено на: 16.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©