Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЕФИКАСНА АКЦИЈА НА ОХРИДСКАТА ПРОТИВ ПОЖАРНА ЕДИНИЦА
Untitled Document

Благодарение на брзата интервенција на   Територијалната противпожарна единица од Охрид  на бензинската пумпа што  се наоѓа во непосредна близина на аеродромот „Св. Апостол Павле“, вчера се спасени тројца охриѓани на возраст од 64, 55 и 46 години.

Инцидентот се случил утрото кога тројцата охриѓани чистејќи го  12 метри долгиот резервоар за дизел  гориво паднале во без сознание поради штетното испарување и  недостиг на кислород.   Како што информираа од охридската  Територијална противпожарна единица тие вчера  околу 8. 22 ч. добиле дојава за случајот од Секторот за внатрешни работи од Охрид , по што веднаш дејствувале и ги извлекле тројцата охриѓани од резервоарот. Повредените  со возила на брза помош биле итно пренесени во болниците во Охрид и Струга и се надвор од животна опасност.
Од Територијалната против пожарна единица информираат дека пожарникарите : Љубен Блажески, Борко Јанкулоски, Митко Аслимоски, Оливер Цепеноски и возачот Маријан Мироски  успеале навремено да спасат тројца човечки животи.

Истражните органи работат на расветлување на случајот кој за среќа не понесе човечки жртви.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1356  пати
Објавено на: 07.04.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©