Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ МЕМОРИЈАЛНИОТ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР ВО ЛЕСКОЕЦ
Untitled Document

Финалето од меморијалниот турнир кој се одржува во чест починатите фудбалери од Лескоец, Љупчо Цветаноски – Шенгелија и Јордан Башукоски – Пипер, се одигра синоќа на спортското игралиште во селото Лескоец. Првото место на турнирот го освои екипата на АСП – ПАК, која во финалето ја победи екипата на Кадмо Бар со 5:2. На трите прво рангирани екипи им беа доделени медали и пехари и соодветни парични средства. Градоначалникот Никола Бакрачески кој присуствуваше на финалето од турнирот, на победниците им го врачи пехарот и медалите.


Оваа година општина Охрид турнирот го поддржа финансиски и материјално.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1313  пати
Објавено на: 19.06.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©