Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РЕПОРТАЖА ЗА ОХРИД ВО „CROATION TRAVELLER“
Untitled Document

На пет страници во престижното хрватско списание „Croation Traveller“ е објавена репортажа за Охрид со наслов „Безвременска љубов, езеро и љуѓе“. Покрај репортажата во истиот број е објавено и интервјуто на градоначалникот Никола Бакрачески, кој специјално го даде за хрватското списание.

Ваквите промоции на Охрид во странските медиуми, се реализираат според претходно подготвената програма за развој и унапредување на туризмот која ја изготви Секторот за туризам и локален економски развој. Целта на ваквите промоции е истакнување на целокупната туристичка понуда која ја нуди градот, но и Охрид како дел од регионалната туристичка понуда. Со ваков вид на промоција до сега градот беше презентиран во повеќе Балкански и неколку Европски земји.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1317  пати
Објавено на: 30.07.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©