Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА КОНТИНУИРАНО РАБОТАТ НА КОМУНАЛНИТЕ ПРОЕКТИ
Untitled Document

Јавните претпријатија со заеднички сили, периодов реализираат неколку комунални проекти. ЈП Водовод- Охрид во текот на изминативе денови  ги санираше отворените водоводни шахти  по должината на  булеварот “Туристичка“, и во најава е продолжување на ваквата акција низ целата територија на општина Охрид.

ЈП Нискоградба,веќе се припрема за санација на бетонските шахти коишто од различни причини се уништени или оштетени,додека  ЈП Градски гробишта веќе заврши со санација на скалите на влезот кај  Холандскиот парк  долж Кеј “Македонија“.

Акциите  за уредување  кои  Јавните претпријатија  ги реализираат по налог на  Секторот за комунална дејности при општина Охрид  ќе продолжат и во следниот период  со единствена цел , да се подобри квалитетот  на урбаното и комуналното живеење на граѓаните .
Од Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид уште еднаш  апелираат до несовесните граѓани да престанат со уништување на јавните блага,а граѓаните доколку детектираат вакви или слични проблеми во било кој дел од градот да се јават или да се упатат  во просториите на Секторот сместен во општинската зграда.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1314  пати
Објавено на: 24.10.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©