Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈП „ОХРИДСКИ КОМУНАЛЕЦ“ АКТИВНО НА ТЕРЕН
Untitled Document

Продолжуваат активностите на Ј.П. "Охридски Комуналец" за расчистување на улиците и тротоарите од снег и мраз низ градот. Денес и вчера од раните утрински часови вработените на претпријатието беа ангажирани на попрскување на тротоарите со сол и песок по повеќе улици, со цел побезбедно движење на пешаците. Беа опфатени улиците: Јане Сандански, Питу Гули, 7ми ноември, Гоце Делчев, дел од бул. Туристичка и во стариот дел од градот. Покрај тие активности, дел од екипите се ангажирани за рачно чистење и отстранување на мразот по пешачките патеки со користење на казми и лопати. Во наредните денови ќе се продолжи со истите активности и по другите улици и патеки, каде што е отежнато движењето на пешаците.

Повеќе...

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1335  пати
Објавено на: 10.01.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©