Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
7ми ТУРНИР ВО ОДБОЈКА НА ПЕСОК Beachvolleyball OHRID 2013
Untitled Document

Седмиот по ред турнир во одбојка на песок – Отворено првенство на Македонија Beachvolleyball OHRID 2013 ќе се одржи од 24-28 Јули 2013 година на плажата Бафало Бич (веднаш до езерската полиција)

Програма

- 24 јули: Рекреативци и Одбојкари до 20 години
- 25 јули: Рекреативци и Одбојкари до 20 години
- 26 јули: Професионалци, Компании, Рекреативци и Одбојкари до 20 години 
- 27 јули: Професионалци и Компании
- 28 јули: Професионалци и Компании

Информации за турнирот

Турнирот во одбојка на песок е популарен летен спортски настан, кои вклучува спорт, атракција, забава и рекреација. На турнирот учествуваат одбојкари од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Косово и имаме најава на учесници од други европски земји.

Организација:
Турнирот во одбојка на песок во Охрид се организира од страна на Клубот за одбојка на песок БВБ Македонија, О3 – евент менаџмент во соработка со Одбојкарската Федерација на Македонија и Општина Охрид.

Факти:
• Традиција - 7ми турнир во одбојка на песок
• Учествувале повеќе од 500 екипи со 1000 натпреварувачи
• На турнирот присуствувале повеќе од 90.000 посетители за времетраење на сите 6 турнири,
• Се одржале повеќе од 1.500 натпревари,
• Поделени се 240 медали и 80 пехари ги красат домашните витрини на спортитите,
• Повеќе од 1400 дресови се наоѓаат во приватни колекции
• ТВ преноси во живо на национална ТВ и повеќе од 200 минути национални и меѓународни интервјуа и репортажи
• Повеќе од 300 објавени статии, интервјуа, фотографии и извештаи во дневни весници и интернет портали
• Повеќе од 15000 литри вода освежување за натпреварувачите.
• Поставивме повеќе од 300м3 песок, столбови за рефлектори и 200м бекатон патека.
• Во Охрид, секоја година заради турнирот доаѓаат повеќе од 500 луѓе (играчи, фамилии, љубители на одбојката, официјални лица, фан клубови и посетители).

Цел, Мисија и Визија

Цел на турнирот во одбојка на песок е преку спорт, атракција, забава и рекреација да се анимираат и поттикнат младите на спорт, добро дружење и натпреварување со професионалните играчи и репрезентативци.
Низ реализација на овој проект треба да произлезат, идни професионални одбојкари на плажа кои би ја претставувале Македонија на меѓународно ниво.

Мисија: Одбојката на плажа да стане најпопуларен летен спорт во Македонија а плажата Бафало Бич во Охрид синоним за одбојка на плажа.

Визија: Турнирот во одбојка на песок Beachvolleyball Ohrid e препознатлив меѓународен турнир во рамките на Балканот и Европа. 

Beachvolleyball OHRID

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1299  пати
Објавено на: 22.07.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©