Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ХОЛАНДСКА ДОНАЦИЈА ЗА ЦРВЕН КРСТ- ОХРИД
Untitled Document

Соработката  меѓу Црвен крст од Охрид и Црвен крст од Зеволде од Холандија, денеска беше официјализирана со потпишување  на Меморандум за идните заеднички активности. На свеченоста, на која присуствуваше и заменик градоначалникот Ангел Јанев, гостите од Холандија на домаќините им ги врачија клучевите од специјалното возило кое го донираа за потребите на охридскиот Црвен крст.  

Специјалното  возило е  наменето за интервенции на тимовите за прва помош на Црвен крст Охрид при несреќи, како и за поддршка на делувањето на Единицата за безбедност на вода и Единицата за спасување на планина и непристапни терени.
Како резултат на воспоставената соработка од вчера , во работна посета на Црвен крст  од Охрид,  претстојуваат тимови на инструктори и тренери по прва помош од Црвен крст од Зеволде и Националниот здравствен сервис на Холандија, кои со тимовите за спасување на вода и спасување на планина и непристапни терени и тимовите за прва помош  на Црвен крст од Охрид ќе реализираат заеднички обуки за укажување прва помош. Активностите ќе бидат финализирани на 3.05.2015 (недела) со изведување на заедничка, јавна показна вежба на делување при несреќа.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1315  пати
Објавено на: 30.04.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©