Градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на амбасадорката на Франција во Република Македонија Н.Е. Лоренс Оер, синоќа во црквата Св. Софија го проследи настапот на францускиот кларинетист Мишел Летјек и квартетот „Жирард“ кои настапија во рамки на годинешното издание на „Охридско Лето“.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Fancuska_vecer_Oh_leto_4852.jpg)
Францускиот кларинетист Мишел Летјек во моментов се смета за еден од најеминентните фигури на светската музичка сцена. Посветен е на современата музика и затоа многу често премиерно изведува дела и концерти на голем број современи композитори меѓу кои и Кшиштов Пендерецки, Џон Кориљано, Марсел Ландовски и други. Квартетот „Жирард“ се состои од врвни музичари кои дипломирале на Конзерваториумот во Париз а се усовршувале во класата на реномирани професори, виолончелистот Франсоа Салке и виолинистот Мигел да Силва. По завршување на синоќешниот концерт, амбасадорката Оер на музичкиот селектор на„Охридско Лето“, Гордана Јосифова Неделковска и врачи признание со одлука на француската влада за посебен придонес во афирмацијата на француската култура со воведување на Француска вечер на овој фестивал.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Fancuska_vecer_Oh_leto_4851.jpg)
Завесата на фестивалот „Охридско Лето“ годинава се спушта на 20 август со театарската претстава Figurae veneris historiae која ќе се одигра на сцената Долни Сарај.
![](http://ohrid.gov.mk/pictures/Fancuska_vecer_Oh_leto_4853.jpg)
Извор: www.ohrid.gov.mk |