Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ТРАДИЦИОНАЛНO ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПОЖАРНИКАРСТВОТО
Untitled Document

На пригоден начин,  со дефиле на противпожарните возила по улиците на Охрид,Територијалната противпожарна  единица, го одбележа  20-ти Мај – Денот на пожарникарството во Република Македонија.

Во склоп на активностите  се одржа презентација на противпожарна опрема во Противпожарниот дом - Охрид.

По повод  Денот на пожарникарството се одржа прием во Противпожарен дом - Охрид на кој секретарот на општина Охрид, м-р Димитар Спасески, од името на Градоначалникот и свое лично име им го честита Денот на пожарникарството и најави дека Локалната самоуправа во иднина технички ќе ја доопреми единицата за да може да одговори на потребите на граѓаните, а истовремено да ги исполни законските обврски за да излезе во пресрет и на потребите на Центарот за справување со кризи. Традиционално охридските пожарникари зедоа учество во крводарителска акција што се одржа во ЈЗУ Општа болница - Охрид.

Извор: www.ohrid.gov.mk
Фотографија: www.webohrid.com

Прочитано:  1246  пати
Објавено на: 20.05.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©