Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СРЕДБА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ БАКРАЧЕСКИ СО ИЗРАЕЛСКИОТ АМБАСАДОР ДАН ОРИЈАН
Untitled Document

Во пресрет на вечерашниот настап на израелскиот ансамбл Кармелим во рамките на фестивалот “Охридско Лето“, градоначалникот Бакрачески оствари средба со израелскиот амбасадор Дан Оријан.

На средбата беа потврдени пријателските врски на Македонија и Охрид со државата Израел и искрените напори за сесрдна соработка. Израелскиот амбасадор го информираше градоначалникот Бакрачески за остварените средби со ректорот на универзитетот “Свети Апостол Павле“, за учеството на израелски професори и експерти во работата на Меѓународната конференција која во септември ќе биде организирана во Охрид.

Амбасадорот Оријан изрази и подготвеност за поблиска соработка со фестивалот “Охриско лето“ односно учество на наши театри на културни манифестации во Израел.
На средбата стана збор и за континуираните напори што ги прават локалната самоуправа и Израелската амбасада, во привлекувањето на израелски инвеститори за вложувањата во здравствениот туризам во Охрид. Амбасадорот Оријан, нагласи дека државата Израел,  Македонија ја гледа како стратешки партнер, а Охрид како посебно интересен за израелските инвеститори.

Во разговорот беше потврдено дека од 3 до 5 израелски тур – оператори, туристички агенции и медиуми ќе учествуваат на Промо турата што Општина Охрид ќе ја организира кон крајот на септември или почетокот на октомври. Во рамките на овој настан ќе биде поставена изложба на фотографии со мотиви од Охрид од новинарката Кери Бристол.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1392  пати
Објавено на: 13.07.16
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©