Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
СО ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА И СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА ЗАВРШИЈА ГОДИНЕШНИТЕ ПРЛИЧЕВИ БЕСЕДИ
Untitled Document

Вечерва во Центарот за Култура се заокружија дводневните чествувања посветени на делото на Григор Прличев.  Ликовната  изложба и доделување на наградите на победниците по распишаниот конкурс за литературни и ликовни дела на учениците од ОУ “Григор Прличев“ беше една од  последните содржини на овогодинешните Прличеви беседи.   
Радоста, со младите, наградени основци ја сподели и градоначалникот Никола Бакрачески кој беше меѓу нив , се радуваше на нивните успеси и заедно со нив ги разгледуваше изложени ликовни дела.

Половина час подоцна    градоначалникот Бакрачески во големата сала при Центарот за Култура ја проследи свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ Григор Прличев.
Во реализација на годинешните Прличеви беседи учествуваа институциите кои го носат името на “Григор Прличев“ и тоа:  Центарот за Култура, НУ Градска Библиотека и  истоименото основно училиште.     

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1262  пати
Објавено на: 06.02.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©