Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД АЗЕРБЕЈЏАН ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ОХРИД
Untitled Document

Делегација од градот Баку од Азебејџан  во коа беа  Академик Гафир Јабиев, потпредседате на Советот  за радиодифузија, Академик Кубра Алиева, директор на Институтот за археологија при Азебејџанската академија на науките и уметностите и Проф. Д-р. Фериз Кјалили , директор на организацијата за промоција на културното наследство и туризмот, денеска ја посетија општина Охрид.Проф. Д-р. Рубин Земон  од Институтот за социо- културна антропологија на Македонија, информира дека  тие учествуваа на третата Меѓународна конференција  посветена на заштита на културното наследство, локалниот економски развој, туризмот и медиумите.

Домаќините , заменик гадоначалникот Ангел Јанев, членот на Советот Иљат Ибраим, помошник раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој Ирена Здравеска – Спасеска и Горан Патчев од Завод и Музеј, ги запознаа гостите со тековните активности  и плановите за промоција на туризмот и локалниот економски развој.Беше ставен акцент на мерките за зголемувањето на бројот на странските гости , како што се субвенционирањето на авио летовите и туристичката такса во приватното сместување од мал обем.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1328  пати
Објавено на: 20.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©