Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
МИНИ ПЛОШТАД СЕ ГРАДИ КАЈ МУЗИЧКОТО УЧИЛИШТЕ
Untitled Document

 Мини плоштад наскоро ќе никне на просторот во непосредна близина на  основното Музичко училиште “Методи Патчев“ каде до неодамна незаконски беа поставени времени објекти кои  го нагрдуваа овој   централен  дел од Охрид. Градежните активности за уредување на просторот  започнаа денес а градоначалникот Никола Бакрачески кој беше на  лице место истакна дека овој дел од градот ќе стане привлечно катче за одмор на возрасните  и забава на помладите.  

   
-Просторот партерно и хорти- културно  ќе го уредуваме а  предвидени се и поплочени пешачки површини  на кои ќе бидат поставени елементи од урбана опрема: клупи, мини фонтана  и канти за отпадоци. Просторот  ќе биде осветлен со канделабри, странични  ѕидни светилки а ќе има и подно осветлување. На дел од локацијата предвидено е да бидат поставени и детски реквизити. На овој начин просторот ќе биде една целина  и  ќе биде привлечен за  сите оние кои ќе сакаат на ова место да се рекреираат, забавуваат, да се фотографираат и да понесат убави спомени од овој дел од градот. Ваквите проекти  односно изградба на мини плоштади ја подобруваат туристичката “разгледница“ на Охрид. Доволна потврда за тоа се мини  плоштадите кај некогашната Библиотека во населбата Влашка мала  и во Рача кој плоштад  наскоро свечено ќе биде ставен во употреба.   Мини плоштадите станаа  привлечни места за туристите кои се многубројни  во летниот период од годинава, истакна градоначалникот Бакрачески.      

Проектот е под целосна финансиска капа на општина Охрид, а во неговата реализација ќе бидат вклучени сите општински јавни претпријатија. Истиот  се очекува да биде готов до 19-ти јануари односно кога  Охрид  е  домаќин на   една  од најмасовните и најважни верска   манифестации  кај нас,  Богојавление –Водици.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1347  пати
Објавено на: 16.12.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©