На барање на граѓаните, денеска Локалната самоуправа започна со санација
на долгогодишниот проблем кој го имаат жителите од улцата „Абас Емин“.

Имено оваа улица претставуваше долгогодишен проблем кој го имаа грѓаните и
едно грдо лице на Охрид, со кое туристите се среќаваа во летниот период. Со
крпењето на ударните дупки се решава проблемот на жителите од овај дел на
градот и се подобрува впечатокот на туристите.

Утре се отпочнува со санација на улицата „Јане Сандански“. Ваквите
активности на локалната за уредување на градот пред почетокот на летната
сезона продложуваат и во наредниот период на повеќе локации низ градот.

Извор: www.ohrid.gov.mk |