Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЈАВЕН ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ НА 12 ЛИЦА КОИ СЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА ЈАВНИ РАБОТИ
Untitled Document

Општина Охрид врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2018 година, усвоен од Владата на Република Македонија за Програмата за работно ангажирање – Јавни работи,објавува

ЈАВЕН ПОВИК

 Општина Охрид на ден 07.06.2018 година  објавува ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на 12 лица кои се заинтересирани за организирање на Јавни работи преку ангажирање на евидентирани невработени лица со ниски квалификации,лица од социјален ризик и лица кои се заинтересирани за лесна физичка работа.

Акцијата ќе биде со цел заштита на животната средина, зголемување на степенот на еколошка свест и едукација на населението и најмладите, преку спроведување вакви работни акции( косење на тревниот појас помеѓу двете коловозни ленти на потегот од магистралниот пат од Хидробиолошкиот Завод до нас. Свети Стефан; чистење на плажите по охридското крајбрежје;чистење на појасот покрај коловозните ленти на магистралниот пат од Хидробиолошки Завод до св.Наум и потегот покрај магистралниот пат од сообраќајната клучка до Подмоље).

Општина Охрид ќе го надополни надоместокот што го дава АВРМ од 500 ден по лице дневно, со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа за вкупно 22 дена.

Со потпишувањето на договорот лицата ќе бидат континуирано ангажирани 22 работни дена, по 8 работни саати. На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Заинтересираните лица можат да поднесат Пријава во Центарот за вработување во Охрид секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот.Рокот за доставување на пријавите трае од денот на објавувањето на огласот од 07.06.2018 година до 15.06.2018 година.

Лица за контакт:
Маја Биткоска Ташева и Пецо Павловски

Прочитано:  1027  пати
Објавено на: 07.06.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©