Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОДБЕЛЕЖАНА 115-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА МЕТОДИ ПАТЧЕ
Untitled Document

По повод одбележувањето на 115-годишнината од смртта на војводата  Методи Патче, денска на неговото спомен обележје во градскиот парк, делегации на Општина Охрид, основното музичко училиште кое го носи неговото име и политички партии положија свежо цвеќе.На почетокот на церемонијата групата „Билјана- Јуниор“ ја изведе песната „Јас Методи Патче од Охридa “.

Војводата Методи Патче, животот го загубил на 7 април 1902 година во Кадино Село во близина на Прилеп. По опколувањето од турскиот аскер и долгата борба на  комитите не им преостанало ништо друго освен да се предадат или да умрат. На повикот од аскерот да се предадат одговориле дека македонски борци не се предаваат. Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1374  пати
Објавено на: 07.04.17
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©