Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ДАЛИАН УТРЕ ВО ПОСЕТА НА ОХРИД
Untitled Document

Висока   делегација од збратимениот кинески  град со Охрид, Далиан  утре ќе биде  во работна посета на општина Охрид.   

Во рамки на посетата предвидено  е потпишување на меморандум за соработка помеѓу  претставници од Сектор за туризам и локален економски развој од Охрид  и од  Бирото за туризам од Далиан.

Градот Далиан е еден од најразвиените  градови во Кина, лоциран во најбогатата кинеска провинција Манџурија. Пристаништето во Далиан е на десетто место според обртот, а неговиот капацитет за прием на бродови е на дваесетто место во Светот. Регионот на градот Далиан е и еден од главните туристички центри на Кина, кој минатата година го посетиле 53 милиони туристи од кои 11 милиони странци. Во градот живеат над 10 милиони жители и  годишен БДП од 70 милијарди долари. Далиан е и образовен центар со 31 универзитет.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1286  пати
Објавено на: 27.01.15
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©