Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЗАВРШИ ТУРИСТИЧКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ ОХРИДСКА СОФРА“
Untitled Document

Во излетничкиот комплекс кај село Скребатно, викендов во организација на Општина Охрид- Секторот за Туризам и локален економски развој, под покровителство на Министерството за култура на Р.Македонија, а  во соработка со Факултетот за туризам и угостителство, се одржа туристичко- промотивната  манифестација  „Охридска софра“ .

Големиот број на гости имаа можност да уживаат во прекрасниот амбиент, подготвените ѓомлезиња, традиционалната македонска храна и пијалоци, специјалитетите од готвачите од охридските ресторани и хотели, како и традиционалните охридски јадења чомлек, кошмишпите и охридска торта, приготвени од студентите од отсекот „ Гастрономија“ при Факултетот за туризам и угостителство од Охрид.

Во сколоп на манифестацијата „Охридска софра“  се одржа и традиционалната „Ѓомлезијада“ на која учествуваа 22 натпреварувачи. Жири комисијата изврши дегустација и оценување на приготвените ѓомлезиња, при што  првата награда и ја додели на Љубица Китеска, втората на Крсте Кантароски и третата на  Љубица Ѓузелоска.

Во културно- забавниот дел на манифестацијата присутните гости можеа да уживаат во звуците на етно групата „Љубојна“ и ансамблот  „Билјана – јуниор“ .

Општина Охрид им се заблагодарува на поддржувачите на оваа манифестација: АД „ Галеб“ , „ АСП- ПАК“ , „ ДАСС- инжинеринг“, „ Жито Леб“ , хотел „ Белведере“ , „Рибен ресторан“  и „ ПАП“ од Охрид, медиумскиот покровител „ ТВМ“  , спонзорите: „ ЛТХ Леарница“ , млекарата  „Здравје“ од  Радово, хотел  „Коцарев“  и хотел „ Милениум Палас“  и помагателите: „ ПН Метал“ , ресторан  „ Острово“ во  Св. Наум  и хотел „ Гарден“ .

Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013
Highslide JS
Охридска софра 2013

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1445  пати
Објавено на: 26.08.13
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©