Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
РАБОТИЛНИЦА НА ВРАБОТЕНИТЕ И РАКОВОДИТЕЛИТЕ ОД ОПШТИНА ОХРИД ВО МАВРОВО
Untitled Document

Подобра професионална комуникација меѓу вработените и зголемување на меѓусебната доверба, е базична основа за градење на успешна општинска администрација, порача од    Маврово градоначалникот Никола Бакрачески кој заедно со раководителите на општинските сектори присуствуваше на  дво дневната работилницата за приоритизација на мерки за унапредување и ефикасност во работниот процес на општинските административци,   со што се заокружија   шест месечните  обуки    за само оценка при работа COMMON ASSESSMENT FRAMEWORK (CAF) во кои активно беа вклучени 15 вработени лица од различни општински сектори.

Финалниот извештај кој се донесе и усвои на дводневната работилница е  основа врз која наредниов период  Општина Охрид, ќе  изготви акционен план во кој ќе  бидат имплементирани усвоените мерки.

 Шест месечните обуки  по барање на градоначалникот Бакрачески  ги спроведуваше Британската Амбасада  и Центарот за управување со промени од Скопје ,  и  имајќи во предвид дека општинската администрација во Велика Британија важи за една од најдобро обучените и најефикасни административни системи во рамките на земјите на ЕУ  се очекува  по имплементирањето на CAF , Охрид да добие современа и едуцирана локална администрација во насока на унапредување на менаџирањето со квалитетот.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1238  пати
Објавено на: 22.03.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©