Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЌЕ СЕ ОДБЕЛЕЖИ 150 ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ОХРИДСКИОТ ПОЕТ ЕФТИМ СПРОСТРАНОВ
Untitled Document

Во понеделник на 15 јануари со почеток во 12 часот во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде одбележана 150 годишнината од раѓањето на охридскиот поет и раскажувач Ефтим Спространов. Организатори на настанот се Општина Охрид и НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид.

Настанот е дел од Републичката програма за одбележување на значајни датуми и личности од македонската историја и култура, која неодамна ја усвои Собранието на РМ. За творештвото на Спространов ќе говори Милчо Јованоски, новинар и публицист.

 

Прочитано:  1414  пати
Објавено на: 12.01.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©