Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ОПШТИНАТА И АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ ЗАЕДНИЧКИ ЗА ПОГОЛЕМА ТУРИСТИЧКА ПРОМОЦИЈА НА ОХРИД
Untitled Document

Општина Охрид   и    Секторот за ТЛЕР заедно со Агенцијата  за развој  и поддршка  на туризмот  наредниов период ќе работат на зацврстување на меѓусебната соработка со цел  да обезбедат  поголема  промоција на туристичките вредности на Охрид и Македонија. Ова  беше  заклучено  на работната средба меѓу градоначалникот Никола Бакрачески  и директорот на Агенцијата за развој  и поддршка  на туризмот , Кристијан Џамбазовски.

Договоривме неколку активности и идните правци  за нашата  меѓусебна соработка  и  заклучивме дека истата  мора да биде многу поинтензивна. Она што за нас како Општина Охрид е многу важно  е дека ги договоривме начините на кои што градот Охрид ќе биде промовиран во идната стратегија на Агенцијата за промоција на туризмот во Република Македонија, во делот на саемското претставување, во делот на она што за нас претставуваат приоритетни дестинации каде што Охрид би требало да биде претставен.   Разговаравме околу можностите во Охрид на крајот од месец август годинава да се  организира   настан кој е битен за туристичка промоција на градов . Разговаравме околу можностите за организирање на интернационални првенства во делот на екстремни спортови односно параглајдеризам  за   што добивме понуда за соработка од УСАИД -Македонија  во делот на  опремување на овие полетно слетувачки  патеки, изјави градоначалникот Бакрачески.      

Директорот на Агенцијата за развој и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски задоволен од средбата и интересот на градоначалникот Бакрачески,  со заеднички сили да допринесат  за поголемиот туристички развој на Охрид.  

 За наша среќа градоначалникот Бакрачески е многу амбициозен и отворен за соработка. Разговаравме на повеќе теми од тоа како да се претставиме заеднички во странство односно маркетиншки да делуваме до тоа како да ја прошириме туристичката сезона и  да ја збогатиме туристичката понуда на Охрид . Наидовме на добра соработка, на слух во однос на туризмот. Ние сме многу задоволни . Комуникацијата е на високо ниво ќе продолжиме и понатака во реализација на проектите. Добивме полна поддршка од Општина Охрид, истакна директорот Џамбазовски .

Во насока на подобар туристички развој и промоција на туризмот во Охрид двете страни најавија  неколку  работни средби за наредниов период.

Извор: www.ohrid.gov.mk

Прочитано:  1358  пати
Објавено на: 03.06.14
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©