Ohrid - City of UNESCO

Линкови

Почеток :: Останати вести
ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СТОЈАНОСКИ ЗА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА
Untitled Document

Во пресрет на 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, градоначалникот Јован Стојаноски упати честитка до граѓаните на Охрид и  Република Македонија.

- Кога пред 125 години Христо Татарчев, Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев во Солун, со  јасна мисла, без доволно стратегија, но со нескриен жар и огромна верба, се заложиле за слободна Македонија, повеќе чувствувале одколку што знаеле, дека поставуваат ТЕМЕЛ И ВИЗИЈА за идните генерации. Нивните заложби и идеи ќе се материјализираат преку Илинден од 1903, НОБ од 1941 – 1945 и 8 септември од 1991 –та година, со заокружувањето  на Македонската државна независност. Затоа, денес со посебен пиетет ги спомнуваме нашите херои и основоположниците на Македонската револуционерна борба. Нека им е вечна слава и честит и вековит да ни 23 Октомври – стои во честититката на градоначалникот Јован Стојаноски.

Прочитано:  245  пати
Објавено на: 22.10.18
 

Copyright Општина Охрид - 2005. Сите права се задржани©